Дали за финансиските гревови на Груевски ќе „гори“ Заев во изборен пекол?

by fokus

Знаеше Пастирот дека мнозина ќе најдат причина да се гордеат со тие велелепни објекти и ќе се чувствуваат како дел од империја, и ќе му простат за сите криминали што ги направи и пак ќе гласаат за него, 450 илјади од нив.

Уште повеќе и поради тоа што додека вртеше милиони и милијарди евра, ним им даваше по 200-300 евра секој месец за да си купат млеко, леб, да платат сметки, да одат на одмор, баш како богатиот во анегдотата.

Тој така купуваше од народот, или барем од дел од народот индулгенции. Јас вам пари, вие мене прошка за гревовите. Баш тие пари исцедени од буџетот, веќе ги бара Зоран Заев кога зборува за ребаланс.

Дали ќе се случи за финансиските гревови на Груевски да гори во политички, изборен пекол Зоран Заев, кој ќе нема пари за да си купи од граѓаните индулгенција? Ќе видиме, многу скоро.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”