„Фокус“ ќе се обиде да одгатне зошто идејата за еден политички субјект предизвикува толку големи бранувања внатре во коалицијата од четири политички субјекти, кои здружени успеаја да го совладаат политички Ахмети и ДУИ.
Но, сè уште не може да ги надминат меѓусебните разлики, кои имаат потенцијал да го распрснат како меур од сапуница сето она што досега заеднички го имаат постигнато.
Билал Касами се обиде, кажано медицински, да го „бајпасира“ случајот со Фатмир Лимани – со оставка на комплетното раководство на партијата.
И на тој начин да го забрза процесот на внатрешна интеграција на албанскиот владејачки фактор – кој од хетерогена коалиција, треба да се претопи во една политичка партија.
Во целата ситуација се обиде да посредува и косовскиот премиер Албин Курти под чие покровителство и се формираше коалицијата.
Тој на денот на прославата на независноста на Косово ги повика лидерите на „Вреди“, седнувајќи ги на маса, со намера да се надминат недоразбирањата.
Но, и неговото медијаторство не успеа.
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК