Чекајќи трансплантација, половина од пациентите со механичко срце починале од мозочни удари!

by bogdan 12:55
12:55

На годишно ниво, во Македонија, околу 25 пациенти добиваат механичко срце, во кои влегуваат и оние новите, на кои истата година им е извршена интервенција, но затоа, пак, 6-7 пациенти умираат, што од тоа што не можеле да ја добијат битката, што и од негрижата на државата – конечно да се почне со трансплантација.

Ги има и млади, и стари.

Еден од пациентите, за „Фокус“, ја раскажа својата трагична судбина, тврдејќи дека во последниот период, повеќето од своето време го поминува хоспитализиран во болница, отколку дома.

Тој тврди дека поради предолгото носење на уредот, неговата здравствена состојба алармантно се влошила.

Овие пациенти се лекуваат на сметка на Фондот за здравство, а за периодот од 2022 до 2024 година се потрошени околу 4 милиони евра за механичко срце.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК