Човекот што бараше гласови за Груевски за да среди „ин витро“ оплодување, топ не го бие!

by fokus

Пред парламентарните избори во 2011 година, А1 телевизија ја објави аферата „Списоци“, според која раководители на институции бараа од административците да обезбедат 15 до 30 гласа за тогашната владејачка партија.

Најмногу револт во јавноста предизвика случајот на раководителот на подрачната единица на Фондот за здравство во Велес, Анде Марковски, чие име „Фокус“ го објави пред речиси седум години.

ТВ А1 објави телефонски разговор, во кој можеше да се слушне како Марковски е изненаден што жената на која преку партијата ѝ средувал ин витро оплодување не слушнала за никакви списоци и собирање гласови за партијата.

Тој и ден денес е на истата раководна позиција, а веќе два мандати е член на општинската организација на Црвен крст во Велес!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”