Чест секому, вересија никому

by fokus

Кој нема да добие преодна оценка оти не се покажал како услужен и трудољубив кон граѓаните во текот на годината, со него е завршена приказната во јавниот сектор. Нема да може да биде никогаш вработен на повисока функција, и нека си бара и најде (ако може) чаре во приватниот сектор.

Тоа му доаѓа нешто слично на оние престапници што се осудени условно, и кои ќе останат на слобода ама само ако не направат нов криминал. Со таа разлика што овде не се осудени ами се вработени, не се на слобода, туку се зад шалтер, нив не ги суди судот, ами народот и ако направат грешка, нема да одат во затвор, туку ќе летаат на клоци од јавниот сектор засекогаш.

Така ќе се реши проблемот со партиските вработувања, оти сите вработувања во јавниот сектор ќе станат народни вработувања, кога вработениот треба да ја заработи довербата кај народот, а не кај партијата.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”