Браќата Каленикови „растураат“ на државните тендери за набавка на автомобили

by fokus

Постои листа на профитабилни компании, кои на пазарот функционираат повеќе од 20 години, но за време на владеењето на ДПМНЕ во бизнисот го достигнале врвот – тендери добиваат од сите државни и локални институции и инкасираат вртоглави профити од кои боли глава.

Со само едно отворање на веб-страницата на Бирото за јавни набавки може да се најдат сите компании во бизнисот со автомобили кои во последните неколку години добиле најмногу тендери од министерствата, општините, државните институции, јавните претпријатија, болниците.

Од нив се издвојуваат две фирми, „КА-ДИС“ и „Аутомотив-груп“, чии сопственици се браќата Каленикови. Сопственик на „КА-ДИС“ е Златко Калеников, поранешен претседател на Сојузот на стопански комори, а на „Аутомотив-груп“, Кирил Калеников. Зоран Калеников, пак, е директор на „КА-ДИС“.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”