Борба за политички опстанок: победи или ќе бидеш победен!

by Фокус

Кои се моралните вредности на еден паразит од типот на обичната вошка? За кои возвишени идеали се бори секој грабливец од калибарот на просечниот волк?Со какви идеолошки убедувања е исполнет кој било мршојадец?

Или, ако ги споиме во една реченица левите и десните страни на претходните три прашања, кои се вредностите, идеалите и идеолошките убедувања на оние политичари кои моментално владеат со Македонија?

Глумиш загорен патриот неколку години, прост народ на избори ти даде власт заради тоа, лапнеш неколку десетици (или стотици) милиончиња дури можеш, непосредно пред да поднесе кривична пријава против тебе Специјалното јавно обвинителство, ја здуваш за Белизе или Панама каде што парите веќе те чекаат, од таму со тие пари си купиш брдо акции во некој инвестициски фонд на Вол Стрит, фирма во која твоето дете по завршувањето на студиите на Оксфорд или Харвард ќе се вработи како некаков менаџер, и така твоите потомци си ги обезбедил со висок животен стандард додека ти со јахтата си пловиш од едно до друго монденско летувалиште, од Флорида до Азурниот Брег, од Тахити до Малдиви, од Хаваи до Дубаи, и од Малта до големата соба во својата крајбрежна палата.

А народот на чиј грб си го остварил својот сон за удобен и безгрижен живот?

За него ти е гајле исто толку, колку што на вошката ѝ е гајле за детето чија крв ја пие.

И за него те гризе совест исто толку, колку што волкот го гризе совест за јагнето кое штотуку го задавил.

И од тие такви пари се гадиш баш толку, колку што мршојадецот се гади од месото на некое животно што умрело тоа утро и од чии внатрешни органи во фаза на распаѓање сега се гоштева лешинарот.

Со еден збор – ич

Пишува:
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”