Болнички инфекции, финансиски скандали и недостиг од кадар ја тресат прилепската болница

by bogdan 13:57
13:57

Не поминува ден без во прилепската болница, која опслужува околу 120.000 пациенти, да не се случи некој скандал.

Според информациите до кои дојде „Фокус“, во болницата владее тензична атмосфера, нарушени меѓучовечки односи, зголемена смртност во последните неколку години, а „врие“ и од интрахоспитални инфекции.

Но, тоа не се единствените проблеми со кои се соочува прилепската Општа болница.

Тука се и финансиските скандали, кои ја дрмаат за што потврди и негативниот извештај на ревизорите, како и покренатото обвинение против поранешната директорка и други вработени, каде што може да се забележи дека не се знаело кој пие, а кој плаќа.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК