Баукот на груевизмот се шири низ Европа

by fokus

Баукот на груевизмот, барем кадровски, се шири низ Европа. Јован Илиевски е изгласан за судија во Европскиот суд за човекови права.

Дома одлично се грижеше за правото да не бидат гонети членовите на злосторничкото здружение, со што си заслужи билет за Стразбур како заштитник на човековите права. Та, и криминалците се човеци, нели!

Да не го прекопирале Европејциве проектот на Груевски „Лотарија за вработување“ а ла Македонски шуми! Или, решија со преземање на најлојалните кадри на груевизмот, да нѐ ослободат од нив?

Да не се шокираме ако Јанкулоска стане претседател на Интерпол, а Мијалков заврши во Поткомитетот за превенција од тортура при ООН!? Уф, не е ферски што Керим не го изгласаа за генсек во ООН!

Пишува
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”