Ако Груевски не заврши зад решетки, тогаш наместо со „добар ден“ да си отпоздравуваме со „Елвис е жив“

by fokus

Надвор од умот и здравата логика е финализирањето на сето она што го нарекуваме „длабока криза“, да се спушти на нивото на сувопарен политички рутински компромис. Во крајна линија, состојбата на толеранција на груевистичката налудничава стратегија, врши сериозно влијание и врз здравиот разум и нормалното расудување на населението.

Доколку македонската политичка дубиоза не заврши со конкретна судска или кривична одговорност, со детални расветлувања на сите злоупотреби на власта, со поименично наведување на сите протагонисти на сите криминали и предавства на сопствената држава и народ, тогаш можеме слободно да се поздравиме со Македонија како држава.

Како и со искреното верување во исправноста на нашата битка и со нашите вредности и нормалното расудување.

Ако по сѐ, Груевски и компанија не завршат зад решетки, тогаш наместо „добар ден“, можеме слободно да почнеме да си отпоздравуваме со „Елвис е жив“.

Пишува
Гордана ПОПСИМОНОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”