Ако 2016-та е новата 2001-ва, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е новата УЧК!

by Фокус

Сегашната УЧК предводена од Никола Груевски веќе е формално-правно амнестирана, а се крчка и финален мировен договор под покровителство на Западот, кој наместо Охридски ќе се вика Виенски, можеби.

Ако така испадне, тогаш навистина нема надеж за оваа држава. Можеби токму таа перспектива ги демотивира граѓаните што не протестираат?

Можеби еден поранешен командант на УЧК, а потоа пратеник убаво си кажа еднаш: се бореа лавовите и орлите, а на крајот победија само лисиците.

Нам ни останува само надежта дека и овојпат на крајот ќе победат лисиците, ама не лисиците како метафора за итри, лукави и грабливи суштества, туку лисиците како конкретен инструмент кој главно се користи за лишување од слобода на криминалци фатени на дело.

Па, нека победат лисиците!

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”