Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираше на одбивањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да седне на иста маса со Христијан Мицкоски и другите партиски лидери.
Од партијата оценуваат дека зад овој потег се крие страв од соочување со правдата, а не политички принцип.
„Венко Филипче не одбива само лидерска средба, Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси.
Иако СДС и Филипче од уста не ја вадат европската интеграција на Македонија, денес уште еднаш покажаа дека нив тоа не ги интересира, дека тоа им е пропаганда за гола политика“, се вели во партиската реакција.
Според ВМРО-ДПМНЕ, бегството од дијалог за реформите во правосудството и Обвинителството има јасна позадина – стравот на Филипче од губење на партиската заштита во институциите