Филипче на средба со пензионери во Карпош: Зголемувањето на пензиите од три проценти не е доволно

by irena 15:35
15:35

Зголемувањето на пензиите од околу три проценти не е доволно за пензионерите да ги покријат месечните трошоци и да имаат достоинствен живот, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со пензионери во скопската општина Карпош.

Филипче рече дека растот на цените и на трошоците за живот го погодува стандардот на пензионерите и оцени дека им е потребна поголема поддршка.

– Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето на пензиите, имајќи предвид дека зголемување од под 3 проценти не е доволно да се преживее месецот на толкав голем раст на сите цени, на толкав голем раст на горивата. На ваков удар на стандардот кој што се случува изминатите месеци, на пензионерите навистина им е потребна поголема поддршка – рече Филипче.

Според него, пензионерите изразиле загриженост и за состојбите во земјата, економијата и животниот стандард на нивните семејства.

– Меѓутоа и како наша најстара категорија на граѓани, тие се загрижени и за многу други работи, загрижени се за севкупните случувања во земјата, загрижени се за тоа што е загрозен европски пат, загрижени се за тоа што земјава е презадолжена, загрижени се за сите други лоши политики во однос на стандардот, економијата, финансиите. Свесни се дека и нивните деца, навистина, лошо и тешко живеат, загрижени се затоа што огромен број од нив бараат излез и спас надвор од државата – рече Филипче.

Слични вести