Филипче: Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината

by valentina 16:23
16:23

„Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава во Ново Село, во однос на вчерашниот инцидент, „кога млади луѓе членови на СДСМ, беа нападнати од активисти на ВМРО“.

Филипче во изјавата нагласи дека „младите социјалдемократи само ја говореа вистината за Гостивар, а овој инцидент не смее да се премолчи“.

-Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење. И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината, рече Филипче.

Филипче упати порака дека децата не се сами, а инцидентот е показател дека власта е исплашена.

-Бараме итна реакција и итна истрага на МВР, итна истрага на обвинителството. Кои беа тие луѓе? Затоа што беа активисти на ВМРО-ДПМНЕ, беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски, тие луѓе кои посегнаа по тоа физички да се пресметаат со младите деца кои ја говореа вистината. Упатувам порака: Децата не се сами, не беа сами синоќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ниту утре“, порача Филипче на прес-конференција од Ново Село.

Воедно, тој побара итна истрага и реакција од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство.

Слични вести