Филипче ги нарече смешни барањата од „Платформата 12.05“ за негова оставка, оттаму возвраќаат – треба да си замине целото раководство

by jadranka 11:00
11:00

Не е точно дека луѓето обединети околу „Платформата 12.05“ не биле на високи партиски позиции во СДСМ во последните години од владеењето. Прво, Андреј Петров беше член на најтесното партиско раководство – Извршниот одбор, а беше и шеф на изборен штаб на една изборна единица. Игор Ивановски ја правеше изборната програма која доживеа дебакл, а Славјанка Петровска беше една од најмоќните министри во владата на Димитар Ковачевски.

Челникот на СДСМ Венко Филипче со силни критики кон предводниците на „Платформата 12.05“ префрлајќи во најголем дел вината за големиот изборен пораза на СДСМ со кој тие ја препуштија власта на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година.  Ги обвинува и дека ја донеле партијата на најниски гранки, како одговор на барањата што доаѓаат од редовите на Платформата – лидерот на партијата за нејзино добро да си поднесе оставка до партискиот роденден  напролет.

“Таа екипа доживеа микро-дебакл. Го донесе СДСМ ртаму каде што го донесе – во клинничка смрт. И, сега не е лесно не е лесно да се вратите оттаму. Во однос на нивното барање моѓам да кажам дека е смешно.  Тие треба да престанат да одрсботуваат за Христијан Мицкоски и да прават дефокус од овие негови катастрофални политики, затоа што таму седат луѓе кои очигледно, покажавме, имаат финансиски интерес итоа не мал, бидејќи тој се мери во милиони евра. Зошто не дефокусираат од тешката борба и задача да ја совладаме оваа криминална власт, кога повеќе пати сум повторил вратите им се отворени доколку сакаат да помогнат“, тврди Филипче.

Тој ги нарече смешни тврдењата од другата искажани од Славјанка Петровска и Андреј Петров дека е избран со гласови на починати членови, односно дека на Петровска и нудел позиција заменик-претседател на СДСМ во замена да молчи за внатрепартиските состојби.

Наспроти ова, Андреј Петров во поткастот „Претрес“ кај Ландов, изнесе тврдења за комуникација помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во периодот на изборите. Петров рече дека располага со информации од луѓе кои имале сознанија за таквата комуникација и соработка преку која СДСМ свесно препуштила ВМРО-ДПМНЕ убедливо да победи на изборите, па дури и да ги освои таканаречените бастиони на СДСМ, или општини каде никогаш во историјата на Македонија немало градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Петров тврди дека постојат информации за зачестена комуникација меѓу Филипче и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и на денот на локалните избори. Според него, дел од информациите ги добил од кандидати за градоначалници кои не успеале да победат на изборите, како и од лица за кои вели дека разговарале со конкретни луѓе од власта.

„Информациите што ги имам се дека перманентна е комуникацијата на дневна основа на денот на изборите помеѓу господинот Филипче и штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Петров.

На прашањето дали има директни докази за тврдењата, тој посочи дека не може лично да ги потврди преку документи или други јавно достапни материјали, но оцени дека постојат информации што, според него, би можеле дополнително да се проверат.
Како еден од примерите што предизвикуваат сомнежи, Петров ја спомена Општина Карпош и кандидатурата на Маја Мојсова. Тој рече дека изборот на кандидатот и фотографијата со актуелниот градоначалник на Карпош ги смета за околности што отвораат прашања.

Петров ја критикуваше и реториката на актуелното раководство на СДСМ, оценувајќи дека во последните шест месеци таа станала непристојна и несоодветна за политичка комуникација.

„Ние треба да ги воспитуваме младите генерации како да бидат културни луѓе, како да гледаат напред“, рече тој, додавајќи дека не е прифатливо политичарите прво да упатуваат навреди, а потоа да се извинуваат со образложение дека зборовите им се „излетале“.
Говорејќи за иднината на партијата, Петров оцени дека евентуалното повлекување на Венко Филипче од претседателската функција треба да подразбира промени и во поширокото раководство.

„Повлекувањето на Филипче подразбира повлекување на целосното раководство. Не може вие да го смените претседателот, а да останат тие што се со него најблиски соработници“, истакна Петров.

З.Ф.

Слични вести