За добивање златна виза во Дубаи потребна е минимум инвестиција од 500.000 долари, недвижност или бизнис. Оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500.000 долари, поради недвижност или бизнис, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека тој не му бил партнер во градбата. Токму затоа се наметнува прашањето, како Филипче дошол до златна виза за Дубаи? Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои ја добил златната виза за Дубаи. Доколку навистина бил ангажиран во Дубаи, договарал работа во некоја болница или кој било друг професионален ангажман, нема да му биде проблем тоа да го потврди со документи – рече Манасиевски.
Според него, Филипче продолжува по стапките на „менторот Заев“, како на приватен, така и на партиски план.