Уште пред пет месеци сопственикот на фирмата „Дурмо турс“ – Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт во фирмата – Ремзи Мифтари, едни од виновници за големата сообраќајна несреќа кај Ласкарци кога загинаа 16 патници, требаше да се во затвор, но засега двајцата се на слобода.
Зад решетки во моментов е само возач на автобусот – Мануил Трифуновски.
Како што објави „СДК.мк“, Белули и Мифтари, кои се осудени на по 10 години затвор, се разболеле.
Од Основниот суд Тетово, од одделението за извршување на санкциите, им рекле дека двајцата имаат проблеми со тестисите.
Како што пренесува медиумот информација од судот во Тетово, Белули имал херниа (кила) на едниот тестис и деновиве бил опериран, а Мифтари имал на двете и деновиве и тој требало „да оди под нож“.
Инаку, на 9 мај Апелација на Белули му ја зголеми затворската казна од четири на десет години, додека Мифтари доби зголемување на казната од шест на 10 години затвор.
Автобуската несреќа се случи во 2019 година. Загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени.