ЕСМ: Дефектот е лоциран и ставен под контрола

by irena 17:55
17:55

По денешниот прекин на испораката на топлинска енергија кај потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, испораката е нормализирана откако е лоциран дефектот на дистрибутивната мрежа.

Како што информираат од ЕСМ Дистрибуција на топлина, дефектот е лоциран на булеварот „Крсте Мисирков“, поради што во моментов има прекин на испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите и институциите во овој дел од градот.

Без парно се објектите на следните локации:

Григор Прличев бр.3 (Институт за национална историја и ОЈО за организиран криминал),

Григор Прличев бр.5 (Институт за македонска литература),

бул. Гоце Делчев ББ и бр.4 (Основен суд 1 и Основен суд 2),

бул. Гоце Делчев бр.5 (Кривичен суд),

бул. Гоце Делчев бр.18 (МРТВ),

ул. Димитар Влахов ББ (МКЦ),

бул. Крсте Мисирков ББ (Апелационен суд, факултети и Ректорат),

ул. Крсте Мисирков бр.2 (МАНУ),

ул. Крсте Мисирков бр.7А, 7Б, 9, 11, 13, 15 и 17,

ул. Филип II Македонски бр.22,

ул. 191 бр.14Б,

Битпазарска ББ (Национална галерија – Чифте амам),

ул. Дрварска бр.20,

ул. Евлија Челебија ББ (Музеј на Македонија и Национален конзерваторски центар),

ул. Маракие Фрчковски бр.8 (Црква „Св. Спас“),

Покриена чаршија бр.66 (Факултет за ликовна уметност),

ул. Прохор Пчински бр.30 (ОУ „Јане Сандански“),

ул. Петре Георгиев бр.22 (ОУ „Конгреси и манастири“).

Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот и воспоставување на редовна испорака на топлинска енергија.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

Слични вести