324
Довчерашниот градоначалник на општина Сопиште – Стевче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нов директор на ЈП „Дрисла“, соопштија од Град Скопје.
Од таму го назначија и новиот директор на ЈП „Градски паркинг“. Се работи за кадар на Демократскиот сојуз (коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ), партијата предводена од Павле Трајанов.
За директор е избран Владимир Кроневски, досегашен директор на „Службен Весник“.
Трпковски доаѓа на местото на Самир Хусени, а Кроневски на местото на Мартин Гаврилски.