Најмалку едно лице загина, а тројца се ранети во напад на руските сили врз Одеса, соопшти денеска началникот на градската воена управа, Серхиј Лисак.
„Утрото во Одеса започна со непријателски напад. Во моментов се знае дека има тројца ранети. Им се укажува неопходната помош“, напиша Лисак на Телеграм, пренесува Укринформ.
Подоцна беше соопштено дека едно лице загинало во нападот.
„За жал, по утринскиот непријателски напад, дознавме дека едно лице загинало. Изразувам сочувство до семејството и блиските“, истакна Лисак.
Како што наведе, оштетени се станбени згради и автомобили во еден од градските реони.
„Сите надлежни служби работат на терен. Се врши увид на теренот и се евидентираат последиците. Формиран е оперативен штаб за помош на луѓето“, заклучи Лисак.