Двојно убиство во Хрватска – 48 годишник ги уби мајка си и 99 годишната баба

by irena 22:10
22:10

Двојно убиство се случи во Хрватска. 48 – годишниот Роберт М. ги убил својата мајка Данка (71) и баба му Ана (99).

Потоа го фрлил телото на неговата мајка во септичка јама, а телото на неговата баба било пронајдено во ходникот на куќата.

Соседите велат дека претходно бил насилен и имал проблеми. Некои од нив ја тешеле потстанарката на убиените жени, која гледала во шок, пишува 24сата.хр.

– Прво, имаше расправија, потоа се крена глас. Потоа се слушна врескање. Беше застрашувачки. Починатата Данка трчаше, тропаше на нашиот прозорец… Бараше мобилен телефон за да ја повика полицијата и брзата помош. Ѝ го дадовме, но не ја напуштивме куќата од страв. Знаевме каков е, раскажува низ солзи потстанарката, која живее до куќата на жените, кои се во ист двор, неколку години со својот сопруг и малолетната ќерка.

Полицијата брзо го уапсила Роберт за кого мештаните велат дека имал проблеми со менталното здравје и дека бил насилен во минатото.

Полицијата продолжува со кривичната истрага за двојното убиство.

Обдукцијата ќе ги утврди сите повреди што осомничениот им ги нанел на жртвите, а се утврдува и точниот мотив за убиството.

Слични вести