Веста која денеска ја разбранува домашната јавност е за 52-годишниот професор во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје бил приведен од полицијата.
Тој неколкупати бил пријавен дека во повеќе наврати барал полови односи од 18-годишна средношколка.
Информацијата ја соопштија од МВР, а случајот го пријавил директорот на училиштето.
„На 9 март 2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, професор во средно училиште на подрачјето на Општина Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.2 до 2.3.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи“ соопштија од МВР.
Директорот на училиштето го суспендирал професорот од работа со надеж дека во иднина никогаш повеќе нема да се повторат вакви работи.
По целосно расчистување и документирање на случајот, од полицијата најавија соодветна пријава.