137
Обвинетите во случајот Бањска – Владимир Толиќ и Благоје Спасојевиќ беа осудени на доживотен затвор, додека Душан Максимовиќ беше осуден на 30 години затвор.
Толиќ и Спасојевиќ не присуствуваа на изрекувањето на пресудата.
Голем број медиумски екипи го следеа изрекувањето на пресудата, додека безбедносните мерки беа зголемени.
Максимовиќ, Толиќ и Благојевиќ беа обвинети за напад врз уставниот поредок и безбедноста на Косово и за тероризам, а беа уапсени веднаш по настаните во Бањска во 2023 година и оттогаш се во притвор.
Тие се дел од обвинението што Специјалното обвинителство на Косово го поднесе на 11 септември 2024 година, против 45 лица во случајот Бањска.