Двајца пациенти кај кои е потврдена западно-нилска треска и натаму се во тешка здравствена состојба, на апарати за дишење. Останатите четворица кои се хоспитализиран се стабилни.
Инфектолозите предупредуваат дека кај пациентите со невролошки симптоми – состојбата ќе треба да се следи и опоравувањето може да трае долго.
Министерството за здравство веќе ги алармираше надлежните здравствени институции и за следење на пациентите кои го прележале вирусот со потешки компликации.
Според здравствените власти епидемијата веќе стивнува.
Според податоците на здравствените власти, годинава заклучно со осми септември потврдени се вкупно 58 случаи на Западно-нилска треска, а регистрирани се осум смртни случаи.
Сите починати се од машки пол, над 60 години, од Скопје, а седум од нив имале и други заболувања.