Два силни земјотреси го погодија Перу

by irena 08:26
08:26

Централниот дел на Перу денес беше погоден од два силни земјотреси со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот беше регистриран на длабочина од 154 километри, поради што потресот се почувствува на пошироко подрачје.

Граѓаните пријавија дека зградите видливо се треселе, а засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета.

Иако Перу е познат како подрачје со честа сеизмичка активност, секој силен земјотрес предизвикува загриженост кај населението поради можните последици и ризикот од нови земјотреси.

 

Слични вести