Два авиони се судрија на аеродром во Њујорк

by valentina 10:34
10:34

Два авиони се судрија синоќа на пистата на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк, при што две лица се полесно повредени, пренесува Си-ен-ен.

Инцидентот се случи во 21:58 часот по локално време (3:58 часот по средноевропско време), а двата авиони и припаѓаат на регионалната компанија „Ендевор Ер“ на „Делта“.

Настанал кога едниот авион слетувал, а другиот се подготвувал за полетување. Според компанијата, едното крило од авионот што требало да полета го допрело трупот на авионот што штотуку слетал.

Овој аеродром, е еден од најпрометните во САД, но не беше затворен поради инцидентот.

„Делта“, матичната компанија на „Ендевор Ер“, изјави дека ќе соработува со властите за да ги разгледа безбедносните мерки и причините за оовј настан.

Вкупно 93 патници и членови на екипажот биле во двата авиона за време на инцидентот.

Слични вести