„Остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на коалициониот партнер ВРЕДИ добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово“.
Ова меѓу другото на Фејсбук го напиша актуелниот градоначалник на Куманово – Максим Димитриевски кој во вториот изборен круг на Локалните избори 2025 ќе се бори за нов градоначалнички мандат.
Димитриевски во објавата вели „Благодарам на сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија. Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши кумановчани“.