ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 40.45 отсто

by irena 19:28
19:28

Државната изборна комисија го соопшти последниот пресек на излезност за денешниот ден до 18:30 часот за вториот круг локални избори во 2025 година.

„На половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста на територијата на цела Македонија е 40,45%“ соопштија од ДИК.

Тоа е помалку во однос на првиот круг кога излезноста до 18:30 часот била 46,65 проценти.

Од вкупно 1.013.357 избирачи кои имаат право на глас, и обработени 987,174 гласачи, гласале 399.319 граѓани.

Сарај и Чаир се општини со најмала излезност со 11,45%, односно 13,7%, додека најголема е во Росоман 77,51%.

 

Слични вести