Девојче од Британија почина по опасен предизвик на социјалните мрежи

by irena 17:23
17:23

Британската полиција ја откри причината за ненадејната смрт на 13-годишната Тиеган, која беше пронајдена во несвест во нејзината соба во Турмастон, Лестершир, на почетокот на март годинава.

Се покажа дека таа учествувала во опасен тренд кој е популарен на социјалните мрежи.

Брзата помош се обидела да ја реанимира, но за жал девојчето било прогласено за мртво на самото место. Нејзиното семејство изјавило дека смртта е резултат на „Chroming“, онлајн тренд кој вклучува вдишување штетни хемикалии од вообичаени предмети за домаќинството или дури и метални бои.

„Не сме сосема сигурни дали го пробала ова претходно бидејќи е невозможно да се каже. Кога се случило, таа користела барем едно шише дезодоранс. Тоа го уништи целото семејство и нашите животи никогаш нема да бидат исти“, рекол нејзиниот очув.

Семејството на 13-годишно девојче сака да ја подигне свеста за опасностите од социјалните медиуми.

Нејзината постара сестра Алиша започна онлајн петиција, надевајќи се дека опасностите од одредени трендови на социјалните медиуми ќе бидат воведени како задолжителен дел од училишната програма.

„Веруваме дека социјалните мрежи треба многу повеќе да ја контролираат содржината што се прикажува таму. Се чини дека можат да контролираат некои работи, како што е порнографијата, но не се грижат за трендовите што можат да убијат во еден миг“, рече нејзиниот очув.

Слични вести