Анестезиолошки техничар од КАРИЛ го убил 76-годишниот охриѓанец К.М. наводно за претходно случен договор за изддршка, неофицијално дознава „Фокус“.
Според нашите информации, убиецот Ж. Гроздановски до 2010 година работел во тетовската Клиничка болница, а после тоа почнува со работа на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Овие информации за „Фокус“ ги потврди и актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, доктор Ерзен Ељези.
Нашите извори тврдат дека Гроздановски имал договор со убиениот да го чува во замена за наследство. Убиениот бил сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак“.
Во полицискиот билтен се наведува дека вчера во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г. (53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик.
Доктор осомничен за убиство на 76-годишник, уапсен во тетовско село
Во СВР Охрид вчера во 8:24 часот било пријавено дека во семејниот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден 76-годишниот охриѓанец К.М.
На местото на настанот извршен бил увид од јавен обвинител и полициски екипи, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Ирена МУЛАЧКА