Делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа, соопштуваат од Електродистрибуција.
Според најавите, прекини се предвидени на следните локации:
Од 08:25 до 11:25 часот: делови од улиците Зеничка и Коце Металец.
Од 08:30 до 14:00 часот: улицата Ѓорѓи Капчев и број 16.
Од 09:00 до 10:30 часот: дел од улицата 1 во Визбегово, дел од улицата Камени Мост и објекти во околината на фирмата Саманта.
Од 09:00 до 15:00 часот: објекти во околината на Дрводекор во Драчево.
Од 11:25 до 14:25 часот: делови од улиците Душан Тасковиќ и Тајмиште.
Прекините се поврзани со планирани технички зафати, реконструкција и одржување на електродистрибутивната мрежа.
Од ЕВН посочуваат дека времетраењето на планираните прекини може да отстапува од најавените термини, во зависност од сложеноста на работите и условите на терен.