Дали вработените во „Национални шуми“ регресот за годишен одмор ќе го добијат во вид на огревно дрво?

by irena 14:44
14:44

Првиот човек на ССМ – Слободан Трендафилов доцна синоќа на Фејсбук ја објави спогодбата, за која вели дека ја добил од загрижени вработени, а според која К-15 ќе се исплаќа во огревно дрво.

Тој јавно прашува: Дали ова што е испратено од загрижени работници е потпишано и дали работниците се присилуваат да потпишуваат сами дека се согласуваат К-15 наместо во пари, да се исплати во дрва на кубен метар?

Вработените во „Национални шуми“, спротивно на регулативата, три години не добиваа надомест за годишен одмор, а пред десетина дена оттаму стигна вест дека е постигната спогодба меѓу директорот проф. д-р Здравко Трајанов и претседателот на синдикатот на КСС – СО на работниците во шумарството, шумарскиот инженер Кире Делов, за исплата на К-15 за: 2023, 2024 и 2025 година.

Регресот за годишен одмор за 2023 година изнесува 10.000 денари, за 2024 е 10.984, а за 2025 година е 12.372 денари.

Во „Национални шуми“ има околу 1800 вработени.

Слични вести