Уапсени се четири лица по фудбалскиот натпревар меѓу екипите ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш, кој се оддржа во Скопје.
-Денеска (01.11.2026) полициски службеници од СВР Скопје по завршување на спортскиот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш кој се одржа на стадионот на Шкупи во Чаир од слобода ги лишија М.А.(33), Ф.Р.(21), М.Џ.(31) и Д.Ј.(36) сите од Скопје, поради повикување и учество во тепачка согласно член 3 од ЗСННОСН. Лицата се приведени во Полициска станица и им се сочинети записници за констатиран прекршок.
При приведувањето кај М.А. е пронајдена марихуана и истиот е лишен од слобода по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.