173
Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови, која сеуште чади но во неспоредливо помал обем во однос на првиот ден. Затрупувањето продолжува и утре, преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.