Бугарски пратеник сам си праќал заканувачки писма за да добие државно обезбедување

by irena 15:22
15:22

Случај на политичка манипулација ја тресе бугарската политика, откако беше откриено дека народен претставник во 2015 година самиот си испратил заканувачко писмо.

Целта била пратеникот да изнуди официјална заштита од државните безбедносни служби.

Овој случај го обелодени криминалистот Иван Савов за време на гостување на „Нова телевизија“, во дебата посветена на реформите во безбедносниот сектор.

Савов посочи дека овој чин е класичен пример за злоупотреба на државните ресурси.

Тој упати критики до Националната служба за безбедност (НСО) во Бугарија, тврдејќи дека институцијата често се претвора во „слуга“ на политичарите наместо да работи професионално.

Слични вести