Бериша пред протестот: Му велам на Рама – ако си маж, утре остани во канцеларија

by vlatko 19:58
19:58

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша на денешната редовна неделна прес-конференција со медиумите, изјави дека албанскиот премиер Еди Рама, ќе добие „лекција од граѓаните за време на масовниот протест што опозицијата ќе го одржи утревечер пред Владата”.

-Ќе и одржиме лекцијата на Владата каква што заслужува, така ќе го опишам протестот. Граѓаните ќе ѝ одржат силна лекција на владата. Нека остане во канцеларија. Тоа е она што го велам, остани таму. Ѕидовите ги блиндиравте,  ги запечативте вратите, влези и остани внатре, ако сте маж,  рече Бериша.

Тој додаде дека „Рама е во црвен круг” и оти опозицијата и граѓаните ќе го соборат.

-Престанавме да соработуваме со нарко-мнозинството, ние опозициските сили ќе формираме комисии за територијална  и изборна реформа. Ќе ја спроведеме вистинската реформа, нагласи Бериша.

Слични вести