Бела куќа: Иран побара директни преговори

by vlatko 20:45
20:45

Белата куќа за „Фокс њуз“ потврди дека Иран побарал нови директни состаноци.

-Потпретседателот Џеј Ди Венс ќе остане во САД во состојба на готовност за евентуално вклучување во преговорите – изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Според американски претставници за Ројтерс, специјалниот изасланик Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, патуваат кон Исламабад.

Претходно, CNN објави дека Венс, кој ја предводеше американската делегација во претходната рунда разговори, овој пат нема да патува.

Иранските државни медиуми соопштија дека министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, исто така патува во Пакистан, а во рамки на турнејата ќе ги посети и Мускат и Москва.

Според иранските извори, целта на посетата се билатерални консултации, разговори за регионалните случувања и актуелната ситуација поврзана со, како што ја опишуваат, војната што ја водат Соединетите Американски Држави и Израел против Иран.

Слични вести