Беким Сали е именуван за прв вицепремиер

by irena 19:34
19:34

Министерот за европски прашања, Беким Сали, на денешната владина седница е именуван за прв заменик-претседател на Владата. Сали веста ја сподели преку својот фејсбук-профил, истакнувајќи дека новата позиција за него претставува сериозна одговорност во служба на сите граѓани.

„Ова именување за мене не претставува само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, да бидам во служба на секој граѓанин, без никаква разлика, сè до целосната реализација на проектите што се од суштинско значење за сите граѓани“,

пишува Сали.
Во објавата, Сали направи кус осврт на досегашните постигнувања на Владата во изминатите две години, нагласувајќи дека резултатите се видливи преку конкретни проекти.

„Вработувањето и унапредувањето на илјадници млади луѓе, обезбедувањето средства за изградба на Кампусот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’, финансиската поддршка за сите општини, решавањето на прашањето со Медресето, како и економскиот раст и развој, се конкретни дела што зборуваат погласно од какви било зборови“,

додава Сали.

Слични вести