178
Велешанец е тешко повреден откако со возило излетал од пат кај Катланово.
– На 22.12.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, кај Катланово, патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.П.(49) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.