Авион се урна во Висконсин: Никој не преживеа, меѓу загинатите има и дете

by irena 19:40
19:40

Шест лица, вклучително и едно дете, загинаа при уривање на мал авион во американската сојузна држава Висконсин.

Никој од лицата во авионот не преживеа, потврди шерифот на округот Саук, Чип Мајстер. Причината за несреќата сè уште е непозната.

Авионот се урна синоќа околу 21:31 часот по локално време во градот Делона, на околу 65 километри северозападно од Медисон, главниот град на Висконсин.

Според информациите од канцеларијата на шерифот, загинаа пет возрасни лица и едно дете. Нивните идентитети сè уште не се објавени. Полицијата примила повеќе пријави за уривање на авион во областа Парк Лејн, недалеку од државниот парк „Мирор Лејк“.

Полицијата, пожарникарите и службите за итна помош пристигнале на местото на несреќата и ги пронашле загинатите во остатоците од леталото.

Според првичните информации, нема повредени меѓу луѓето на земјата, ниту пак е пријавена штета на околните објекти.

Во истрагата ќе бидат вклучени Американската федерална управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB), кој ги истражува причините за големите несреќи.

Слични вести