Апел за помош на Никола Николовски – Томба се споделува на социјалните мрежи.
Според информациите, тој веќе пет месеци се лекува во болница во Малта откако доживеа мозочно крварење, предизвикано од руптура на крвен сад.
Во објавата се вели дека тој заминал во Малта на работа, но му се влоши здравствената состојба, па остана хоспитализиран.
Велат дека неговата здравствена состојба во моментов е стабилна, но сепак му претстои подолг процес на рехабилитација.
Семејството се труди Томба закрепнувањето да го продолжи дома, но за сето тоа потребен е медицински авионски транспорт до Македонија, а трошокот за ваквиот превоз изнесува 27.000 евра, сума која неговото семејството не може самостојно да ја обезбеди.

Објавен е и број на трансакциска сметка во „Шпаркасе банка“ на име Новка Николовска, преку која може да се донираат средства, со најава дека наскоро ќе бидат објавени и телефонски броеви за донации.
Семејството апелира до граѓаните да помогнат и да го споделат повикот, со цел да се соберат потребните средства, а Никола да се врати во татковината.
Сметка за донации: 250500010112724 – Новка Николовска – Sparkasse Bank.