Англиските клубови потрошија четири милијарди евра на трансфери – Сити и Челси потрошија најмногу

by irena 20:23
20:23

Втора година по ред, клубовите од англиската Премиер лига го соборија рекордот во трошењето на трансфери, издвојувајќи околу четири милијарди евра ова лето.

По потрошените околу 3,5 милијарди евра минатото лето, клубовите од Премиер лигата ова лето потрошија приближно 4 милијарди евра.

На второто место се италијанските клубови, кои потрошија 1,16 милијарди евра, а потоа следат Бундеслигата со 780 милиони, шпанската Примера со 755 и француската Лига 1 со 606 милиони евра.

Клубовите од англискиот Чемпионшип потрошија околу 460 милиони евра.

Најмногу потроши Манчестер Сити – околу 500 милиони евра – за ангажманот на Енцо Фернандез, Елиот Андерсон, Ајуб Буади, Илиман Ндиаје, Алан и Матис Детурбе.

Челси потроши околу 400 милиони евра, Тотенхем 365, Њукасл Јунајтед 312…

Меѓу десетте клуба што потрошија најмногу, само два не се од Премиер лигата: Реал Мадрид, кој потроши околу 220 милиони евра, и Барселона, со 180 милиони евра.

Челси и Сити ги реализираа најголемите трансфери.

Аргентинецот Енцо Фернандез се пресели од „Стемфорд Бриџ“ на „Етихад“ за 145 милиони евра. Морган Роџерс ја напушти Астон Вила и премина во Челзи за 138 милиони евра.

Елиот Андерсон замина од Нотингем Форест во Сити за отштета од 135 милиони евра.

Бредли Баркола е нов член на Ливерпул, а ПСЖ ќе добие околу 125 милиони евра, додека Јан Диоманде го напушти Лајпциг и замина во Реал Мадрид за 125 милиони евра.

Слични вести