Ангелов: Социјалните мрежи не ја отсликуваат државната политика, пожарите ги изгаси државата

by irena 15:52
15:52

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, на прес-коференција кажа дека полицајци и лица во цивилка, патролираат секаде каде има опасност од пожари.

„Униформирани полицајци и лица во цивилка патролираат на местата кај што може да има пожари. Превентивната акција на шумската полиција и сите вработени во државната администрација со движење во шума, се известени да бидат внимателни и да го пријавуваат секое сомнително поведение“, изјави Ангелов.

Ангелов ги коментираше објавите на социјалните мрежи, каде се појавија многу видеа околу пожарите.

„Социјалните мрежи не ја отсликуваат државната политика. Кој ги изгасна вчерашните 66 пожари? Граѓаните ги изгаснаа? Пожарите ги изгаси државата, со поддршка на граѓаните. Кој го изгасна пожарот во Чучер Сандево? Граѓаните ги одбранија своите домови, го изгаснаа потегот околу нивните куќи, но кој гасеше високо во планината? Не го потценувам ниту го омаловажувам нивниот придонес. Вчера изгаснавме 66 пожари, тоа воопшто не е малку. Ги почитувам советите“, кажа меѓу другото првиот човек на ДЗС.

Слични вести