Ангелов: Една линија од пожарот кај „Јасен“ е изгасната, но борбата против огнот и натаму продолжува

by irena 19:49
19:49

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информира дека една линија на пожарот во ловиштето „Јасен“, која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат, успешно е изгасната од страна на припадниците на специјалната армиска единица „Волци“.

Сепак, Ангелов вели дека борбата против огнот и натаму продолжува.

„Борбата со огнот на моменти е ризична поради што сè уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен“, изјави Ангелов.

На гасење на пожарот кај „Јасен“ од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на АРМ и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“, а од воздух дејствуваат „ер трактор“ на ДЗС и еден полициски хеликоптер.

Слични вести