Андреј Ковачев: Македонија нема причина да се жали поради враќањето на Михаилова во Бугарија

by irena 11:19
11:19

Бугарскиот европратеник – Андреј Ковачев изјави дека Македонија нема причина да се жали пред европските институции поради враќањето на Ива Михаилова во Бугарија.

Според него, случајот треба да се разгледува од хуманитарен аспект, а не како политички спор меѓу двете држави.

Тој посочи дека бугарските европратеници ги обединиле напорите за поддршка на Михаилова и нагласи дека таа има право да добие соодветна медицинска грижа.

Ковачев изрази надеж дека ќе се воспостави конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и порача дека двете страни треба да се придржуваат до Договорот за добрососедство.

Слични вести