Алиу: Покрената е иницијатива за билатерален договор со Словенија за мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави

by irena 15:00
15:00

На новинарско прашање во врска со состојбата со недостиг на анестезиолози на Клиниката за државна кардиохирургија, министерот за здравство, Азир Алиу информираше дека денеска е одржан состанок со директорот на клиниката и дел од докторите, како и со директорот на кардиохирургија од Словенија, и е запознаен со случајот дека недостасуваат стручни лица не само на оваа клиника, туку и во голем дел од клиниките во Скопје каде недостасува технички медицински кадар или специјалисти, или друг тип на човечки ресурси.

– Веднаш иницирав да се склучи билатерален договор меѓу Македонија и Словенија со цел да имаме мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави. Здравството е сензитивен ресор заради времетраењето за креирање на профил за кој се потребни десет години. Затоа нашиот пристап од средно стручно образование до факултет и до специјализација ќе биде да ги проектираме тие капацитети за минимум десет години во здравството, истакна министерот Алиу.

Слични вести