Адеми: Овие избори се референдум за враќање на достоинството

by vlatko 20:20
20:20

Централниот штаб на ДУИ донел одлука да ги откаже сите изборни активности на лидерот на партијата Али Ахмети за петок, потврдувајќи го неговото учество на севкупниот национален протест во Тирана, во поддршка на неговите соборци и основачи на Ослободителната војска на Косово (УЧК).

Овој чин, како што информираше потпретседателот на партијата Арбер Адеми, е акт на национална солидарност, но и „потсетник за оние што забораваат дека слободата и правата не се подаруваат“.

Тој се осврна и на предизборната кампања, нагласувајќи дека коалицијата што ја предводи ДУИ – „Националната алијанса за интеграција“, настапила достоинствено, смирено и со конкретна понуда за граѓаните.

-Не се занимававме со клевети, црни кампањи или манипулации. Зборувавме со јазикот на фактите, визијата и одговорноста. Нашата кампања ја изградивме врз довербата – не врз стравот. За жал, нашите противници ја избраа спротивната насока – патот на клеветите, фабрикувањата и темните сценарија. Наместо идеи, понудија лаги; наместо проекти, измислија скандали, наместо натпревар за развој, поттикнаа поделби.

Од самиот почеток, самиот премиер изјави дека суштината на овие избори е исчезнувањето на ДУИ од политичката сцена, а потоа зборуваше и за политичко пензионирање на Али Ахмети. Тоа не е само политички речник, тоа е носталгија за време кога Албанците требаше да бидат под команда, а не рамноправни учесници во одлучувањето. Но тоа време заврши. Албанците никогаш веќе нема да бидат вазали на туѓа волја – рече Адеми.

Тој порача дека овие избори се референдум за враќање на достоинството, за еднаквост, напредок и правда.

Слични вести