Општина Гостивар: Државното знаме не е отстрането

by irena 19:08
19:08

Општина Гостивар реагираше на информациите објавени во медиумите за отстранување на државното знаме, посочувајќи дека знамињата пред општинската зграда и во центарот на градот се поставени и не се отстранети.

Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека во полицијата било пријавено отстранување на државно знаме поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“, дека бил извршен увид и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести