2
Градоначалникот, Горан Герасимовски информира дека бактериолошките анализи доставени до Општина Центар од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје покажале дека водата од левата и десната јавна чешма „Тасино чешмиче“ во Скопје не ги исполнува пропишаните стандарди за пиење.
Според резултатите, во водата е утврден зголемен вкупен број колиформни бактерии.
Герасимовски ги повика граѓаните да не ја користат водата за пиење сè до добивање нови резултати од испитувањата.