Зеленски: Имаме информации дека Русите подготвуваат нов масовен напад

by irena 21:36
21:36

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Украина располага со информации оти Русија планира нов масовен напад врз земјата во наредните денови, пренесува новинската агенција Ројтерс.

„За жал, имаме информации дека Русите подготвуваат нов масовен напад. Ве молам, обрнете внимание на предупредувањата за ракетна закана во наредните денови. А во Русија треба да знаат дека ние ќе го вратиме она што е наше и ќе одговориме на секој руски напад“, рече Зеленски во своето вечерно видеообраќање.

Ова е второ предупредување упатено од украинскиот претседател оваа недела.

Од септември наваму, руските сили речиси непрекинато, дење и ноќе, ги напаѓаат Киев и другите украински градови.

Во текот на ноќта, Русија истрела балистички ракети кон Киев, при што беа повредени седум лица, а погодени беа трговски центар и уште две згради, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Од друга страна, Москва соопшти дека цел на нападот биле објекти поврзани со беспилотни летала во тој град.

Украинската воена разузнавачка служба објави дека украински беспилотни летала погодиле рафинерија за нафта во Краснодарскиот крај, во јужна Русија.

Слични вести